• среда, 27 ноември 2024

Што ако изборите во САД завршат со нерешен резултат помеѓу Трамп и Харис?

Што ако изборите во САД завршат со нерешен резултат помеѓу Трамп и Харис?

Вашингтон, 5 ноември 2024 (МИА) - Што точно ќе се случи ако ниту Камала Харис или Доналд Трамп не го постигнат мнозинството од Изборниот колеџ потребно за победа на американските избори? Иако не е многу веројатен, таков исход останува можен, и тоа ќе ги измачи Американците.

Според американскиот систем, не е националното народно гласање кое одлучува кој ќе стане претседател, туку „Изборен колеџ“ од 538 членови, во кој секоја држава добива онолку „електори“ колку што е нивното претставување во Конгресот.

Секоја држава освен Небраска и Мејн ги доделува сите свои електори на оној што ќе биде прв во народното гласање ширум државата.

Ако и Харис и Трамп не успеат да го достигнат мнозинскиот праг од 270 електори, Уставот на САД вели дека Конгресот ќе игра одлучувачка улога. Поточно, новоизбраниот Претставнички дом ќе го избере претседателот во јануари, додека Сенатот ќе го назначи следниот потпретседател.

Неколку можни сценарија би можеле да доведат до поделба на Изборниот колеџ со 269-269.

Еден пример би се случил ако демократката Харис преовладува во сојузните држави Висконсин, Мичиген и Пенсилванија, додека поранешниот републикански претседател ги има Џорџија, Аризона, Невада и Северна Каролина, плус еден дистрикт во Небраска наклонет кон лево.

Нерешениот резултат би принудил таканаречени контигентни избори во Конгресот - нешто што никогаш не се случило во модерната американска историја.

Последен пат кога нерешениот резултат го принуди Конгресот да го избере претседателот беше на изборите во 1800 година, на кои Томас Џеферсон се соочи со актуелниот претседател Џон Адамс.

Пратениците во лошо поделениот Дом се мачеа силно да се согласат, конечно го избраа Џеферсон на нивното 36-то гласање.

Страшната мешаница доведе до усвојување четири години подоцна на 12-тиот амандман на Уставот на САД, за донекаде да се разјаснат процедурите околу изборите.

Овојпат, доколку ваквото гласање во Домот треба да биде неопходно, тоа би се одржало на 6 јануари 2025 година.

Како би продолжило тоа гласање?„Секоја држава, без разлика на населението, дава еден глас за претседател на контигентни избори“, според Конгресната служба за истражување (ЦРС).

Со други зборови, Вајоминг, кој е наклонет кон републиканците, со население со големина на град од 500.000 ќе го има истото влијание како и Демократска Калифорнија, каде живеат 39 милиони луѓе.
Иако главниот град на САД Вашингтон има три гласа на Изборниот колеџ, тој нема да добие глас на контигентни избори, бидејќи не е држава.

Државите со два или повеќе претставници ќе треба да одржат внатрешно гласање за да одредат кој кандидат да го поддржат, се вели во извештајот на ЦРС.

Кандидатот треба да освои мнозинство од 50 држави или 26 гласови. Во моментов, тоа веројатно ќе им даде предност на републиканците.

Специфичните правила за управување со процесот најверојатно ќе треба да бидат усвоени од Домот, што потенцијално ќе доведе до интензивни несогласувања и долг период на уставна криза.

Не е тешко да се замисли како еден таков процес, на крајот на кампањата ќе ги натежи и онака лошо изнемоштените нерви на американските гласачи, од кои многумина се убедени дека гласањето изобилува со нерегуларности.зш/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан