Штип блесна за претстојните Новогодишни и Божиќни празници
- Почна Новогодишниот базар во Штип, а од синоќа улиците и мостовите низ централното градско подрачје, Плоштадот „Слобода“ и шеталиштето „Ванчо Прќе“ и официјално блеснаа со светилки, санки, ѕвездени неба, елки. Поставени се и типските куќички на едносмерната улица.
Штип, 10 декември 2024 (МИА) - Почна Новогодишниот базар во Штип, а од синоќа улиците и мостовите низ централното градско подрачје, Плоштадот „Слобода“ и шеталиштето „Ванчо Прќе“ и официјално блеснаа со светилки, санки, ѕвездени неба, елки. Поставени се и типските куќички на едносмерната улица.
Трајче Здравков шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Штип истакна дека секоја вечер до 30 декември на едносмерната улица ќе има Програма пред се за најмалите, но и за останатите граѓани.
-Програмата ќе ја објавуваме тековно, еве за денеска на Новогодишниот базар ги имаме дечињата од градинката „Вера Циривири-Трена“, по што ќе настапат децата од Фестивалот „Весело штурче“, вели Здравков.
Граѓаните велат дека централното градско подрачје личи на новогодишна бајка и ова е прво посериозно украсување на градот, со цел да се почувствува атмосферата за претстојните Новогодишни и Божиќни празници. вдј/са/
Фото: МИА