• среда, 04 декември 2024

Штипските студенти учеа за македонската чалгиска песна

Штипските студенти учеа за македонската чалгиска песна

Штип, 3 декември 2024 (МИА) - „Текстовите во македонската чалгиска песна некогаш и денес“ беше денешното предавање на авторот Добрила Грашеска при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) - Штип, на кој студентите се запознаа со чалгиската музика и песна. На предавањето се разгледуваа анализите на текстовите во македонската чалгија од различните краеви. Грашеска вели дека ова е најдлабокото нематеријално културно наследство на државата кое треба да се оддржува во живот и денес.

-Jас пред некое време по втор пат бранев моја дипломска работа, која што сакав да биде поврзана, со она што јас најмногу го работам, а тоа е со македонската чалгија, бидејќи студирав на Филолошкиот факултет и направив една анализа на текстовите во македонската чалгија, односно состојбата на текстовите низ историјата и она што денес се случува со чалгиските песни, така што тоа веројатно беше доволно провокативно и интересно што ме поканија да го повторам ова предавање, но овојпат збогатено малку со повеќе музика, вели Грашеска.

Професорот по чалгиски инструменти Тимко Чичаковски вели единствен начин за да се зачуваат сите стари инструменти е само ако се вметнат во образованиот систем. Инаку, настанот се оддржа во просториите на Правниот факултет при УГД со цел студентите да  се запознаат со нематеријалното културно наследство, како и со инструментот наречен канон, најкарактеристичен за чалгиската музика. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан