• сабота, 16 ноември 2024

Штипската општинска изборна комисија ги формира избирачките одбори за затворите и за ковид болните

Штипската општинска изборна комисија ги формира избирачките одбори за затворите и за ковид болните

Штип, 26 ноември 2020 (МИА) - Општинската изборна комисија од Штип ги подготвува решенијата за членовите на избирачките одбори. Покрај избирачките одбори за ковид пациентите и за гласачите во изолација, се формираат и пет избирачки одбори за казнено-поправните установи со цел осудените лица да го остварат своето право на глас. 

- Наша задача е и петте затвори да бидат покриени со избирачки одбори, каде што ќе гласаат осудениците на 12 декември, еден ден пред првиот изборен круг, изјави претседателката на Општинската изборна комисија Сенка Андреева.

Пријавувањето за остварување на правото на глас за болните и немоќни лица почнува од понеделник, а како што вели Андреева, завршува на 5 декември, кога ќе имаат и дежурна екипа до полноќ.

-Отворена е и апликацијата за оние кои сакаат да гласаат, а се во изолација или се позитивни на коронавирусот. Знаеме дека добиваат решенија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Потребно е само да го скенираат тоа решение и да потполнат изјава и тоа го праќаат електронски, вели Андреева. вдј/бак/

Остани поврзан