• среда, 27 ноември 2024

Штипската модуларна болница пред отворање

Штипската модуларна болница пред отворање
Штип, 31 март 2021 (МИА) - Се прават последните подготовки и се потпишуваат договорите за ставање во функција на модуларната болница во Штип, информира за МИА директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев. Доколку се оди според предвиденото, новиот објект се очекува да биде отворен утре, но се зависи од тоа дали ќе се реализираат и последните активности, со цел пациентите да имаат непречена здравствена услуга, а и нормално работење на здравствениот персонал. Новата модуларна болница има 47 кревети, опремена е со сите потребни апарати за третман на ковид пациентите, кои се во тешка здравствена состојба. Според денешниот извештај на болницата во штипскиот Ковид центар нема слободни болнички кревети. Во четирите ковид одделенија има 61 пациент, од кои 44 се на кислородна поддршка. Двајца пациенти од Штип се починати на возраст од 79 и 84 години. вдј/бак/

Остани поврзан