• понеделник, 23 декември 2024

Штабот на Трамп ја повлече тужбата во Аризона

Штабот на Трамп ја повлече тужбата во Аризона
Вашингтон, 13 ноември 2020 (МИА) - Тужбата поднесена од штабот на претседателот Доналд Трамп поднесена во Марикопа, најголемиот округ во Аризона, во обид да се оспори гласањето од претседателските избори, е повлечена, соопшти денеска Волстрит журнал. Од изјавите на адвокатот на предизборниот штаб, се дознава дека се работи за околу 200 спорни гласачки ливчиња. Но, во Аризона, со 99 отсто од гласачките ливчиња пребројани, демократскиот кандидат Џо Бајден е пред Трамп за повеќе од 11.000 гласа. Претседателот Трамп се обидува да ги оспори резултатите од минатонеделните избори во некои сојузни држави како Висконсин и Пенсилванија. Сепак, како што покажува случајот во Аризона, тешко дека ваквите методи би вродиле со плод, бидејќи разликата во гласови за Бајден во тие држави каде се оспорува резултатот е голема, а бројот на спорните ливчиња е многу мал. кб/ссм/

Остани поврзан