• сабота, 23 ноември 2024

Шпанија ќе обезбеди итна помош од 3,5 милиони долари на Агенцијата на ОН за палестинските бегалци

Шпанија ќе обезбеди итна помош од 3,5 милиони долари на Агенцијата на ОН за палестинските бегалци

Мадрид, 5 февруари 2024 (МИА) - Шпанија денеска најави дека ќе обезбеди итна помош од 3,5 милиони евра за Агенцијата на ОН за палестинските бегалци (УНРВА), чија работа е загрозена поради суспензијата на финансиите во многу земји.

Како што изјави министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Луис Албарез, тие пари се наменети за продолжување на активностите на краток рок, оценувајќи дека состојбата на УНРВА е очајна и дека постои „значителен ризик хуманитарните активности во Газа да бидат парализирани во наредните недели“.

Израел ја обвини Агенцијата дека била „целосно инфилтрирана од Хамас“ и дека 12 од нејзините 13.000 вработени биле вмешани во нападите на јужната израелска територија на 7 октомври, предводени од таа милитантна исламистичка организација.

По тие обвинувања, Агенцијата на ОН ги отпушти повеќето од инволвираните и вети темелна истрага и правни постапки доколку е потребно.

Како одговор на обвинувањата на Израел, десетина земји, вклучително и големите донатори, САД, Германија, Велика Британија и Шведска, објавија дека го прекинуваат финансирањето на Агенцијата.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека се суспендирани повеќе од 409 милиони евра, што е речиси половина од очекуваниот приход на Агенцијата за оваа година.

Шпанија е една од земјите во ЕУ која најмногу го критикуваше Израел од почетокот на војната. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан