Шкрињар подготвен да го продолжи договорот со Интер
- Дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар изјави дека има намера да остане во тимот од Милано.
Милано, 23 март 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар изјави дека има намера да остане во тимот од Милано.
- Мислам дека Интер ќе ми понуди нов договор, а јас ќе го потпишам и ќе останам во тимот, изјави Шкрињар.
Шкрињар е во Интер од јули 2017 година. Во тековната сезона тој постигна четири гола на 37 натпревари за тимот. Актуелниот договор на 27-годишниот Словак со клубот е со важност до јуни 2023 година.
Претходно беше објавено дека Интер е подготвен да му понуди на Шрињар договор до 2026 година. зс/