• понеделник, 23 декември 2024

Шефовите на одбраната на САД и Кина ќе одржат директни разговори во Сингапур

Шефовите на одбраната на САД и Кина ќе одржат директни разговори во Сингапур

Вашингтон, 29 мај 2024 (МИА) - Шефовите на одбраната на САД и Кина треба да одржат директни разговори во Сингапур овој викенд, нудејќи надеж за понатамошен воен дијалог со цел да се спречи спорот да излезе од контрола, јавија американските медиуми.

Очекуваниот состанок меѓу Лојд Остин од САД и Донг Јун на Дијалогот Шангри-Ла ќе биде прв суштински разговор лице в лице меѓу началниците за одбрана на нивните земји во изминатите 18 месеци.

Безбедносниот форум е годишен собир на началниците на одбраната од целиот свет, кој во последните години стана барометар на односите меѓу САД и Кина.

Овогодинешното издание, почнувајќи од петок, ќе биде една недела откако Кина одржа воени вежби околу Тајван. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан