• вторник, 24 декември 2024

Шеста редовна крводарителна акција во Дебар,  собрани 26 крвни единици

Шеста редовна крводарителна акција во Дебар,  собрани 26 крвни единици

Дебар, 4 декември 2023 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст-Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска ја спроведе шестата редовна крводарителна акција за годинава.


Екипата беше сместена во просториите на гимназијата „ 28 ноември"  и за неколкучасовниот престој беа прибрани 26 крвни единици.

Меѓу дарителите има и ученици и професори од ова единствено средно училиште во оваа општина.

- Денешната беше претпоследна акција за годинава а на 20 овој месец планираме да ја спроведеме последната акција. До сега сме имале и две вонредни акции. Она што посебно сакам да го нагласам е фактот  дека добар дел од оние кои ја подаваат раката и даруваат крв се млади, како што беше и денеска, изјави за МИА, Исни Телќиу, секретар на општинската организација.

Според него годишниот план изнесува 650 крвни единици. До сега собрани се 494, што значи исполнување на планот за 76 отсто.вт/свс


Фото: МИА
 

 

Остани поврзан