Шекеринска учествува на Форум за надворешна и безбедносна политика во Литванија
- Заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска од денеска до петок ќе престојува во посета на Литванија, каде ќе учествува на годишниот Форум за надворешна и безбедносна политика на високо ниво „Снежен состанок 2025“ што се одржува во градот Тракаи.

Брисел, 15 јануари 2025 (МИА) - Заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска од денеска до петок ќе престојува во посета на Литванија, каде ќе учествува на годишниот Форум за надворешна и безбедносна политика на високо ниво „Снежен состанок 2025“ што се одржува во градот Тракаи.
На маргините на Форумот предвидено е Шекеринска да има билатерални средби со други високи претставници учесници на собирот, меѓу кои и со литванскиот претседател Гитанас Науседа и министрите за надворешни работи и за одбрана на Литванија, Кестутис Будрис и Довиле Шакалиена.
Покрај учеството на Форумот, Шекеринска за време на престојот во Литванија ќе ги посети и припадниците на Мултинационалната борбена група на НАТО и на бригадата „Железниот волк“ стационирани во градот Рукла. сп/
Фото: МИА Архива