• понеделник, 23 декември 2024

Швјонтек нема да ја брани титулата во Пекинг

Швјонтек нема да ја брани титулата во Пекинг

Пекинг, 20 септемви 2024 (МИА) – Полската тенисерка Ига Швјонтек се повлече од турнирот во Пекинг.

- Принудена сум да се повлечам од Отвореното првенство на Кина поради лични причини. Многу сум тажна - поминав одлично овде минатата година и победив, па со нетрпение очекував да се вратам.
Сигурна сум дека локалните фанови ќе можат да следат одличното ниво на тенис. Штета што овој пат нема да можам да се вклучам во тоа, изјави Швјонтек.

Светскиот рекет број еден минатата година на турнирот од серијата ВТА 1000 во Пекинг, во финалето ја совлада Русинката Људмила Самсонова со 6:2 и 6:2.

Турнирот во Пекинг годинава ќе се одржи од 25 септември до 6 октомври. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан