• понеделник, 23 декември 2024

Шведска објави дека руски воени авиони влегле во шведскиот воздушен простор

Шведска објави дека руски воени авиони влегле во шведскиот воздушен простор

Стокхолм, 15 јуни 2024 (МИА) - Руски воен авион го нарушил шведскиот воздушен простор, соопшти денеска шведското Министерство за одбрана.

Борбениот авион Су-24 бил пресретнат од шведски Јас-39 Грипен југоисточно од островот Готланд во Балтичкото Море, соопшти Министерството, јави ДПА.

Министерот за надворешни работи Тобијас Билстром го нарече неприфатливо однесувањето на Русија и најави дека ќе го повика рускиот амбасадор.

Инцидентот кој се случил вчера попладне траел само неколку минути.

Последен пат руски воени авиони го нарушиле воздушниот простор на овој начин во 2022 година, соопшти Министерството.

Шведска неодамна стана членка на НАТО и само оваа недела објави дека ќе учествува во набљудувањето на воздушниот простор на одбранбената алијанса. Како такви, шведските борбени авиони треба да бидат распоредени, првенствено над балтичките земји, како дел од операциите на воздушната полиција на НАТО. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан