• среда, 27 ноември 2024

Шаќири до дипломците на УЈИЕ: Вие сте амбициозна генерација која ќе донесе големи придобивки за државата

Шаќири до дипломците на УЈИЕ: Вие сте амбициозна генерација која ќе донесе големи придобивки за државата

Скопје, 17 јуни 2023 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири им го честиташе дипломирањето на студентите од 19-тата генерација дипломци на Универзитетот на Југоисточна Европа, на церемонијата што денеска се одржа во Тетово.

-Ви посакувам добро здравје и многу нови успеси во иднина. Знам дека Ве чекаат уште многу достигнувања на личен и професионален план, затоа што сте амбициозна генерација која патем, ќе донесе и големи придобивки за државата и за севкупниот општествено – економски просперитет, им рече Шаќири. 

Нагласи дека е важно да веруваат во себе. 

-Вие го имате тоа што е потребно за да создадете подобро утре за сите нас. Оправдајте ја дипломата која ја добивте на една од најреномираните и најмодерни високообразовни установи кај нас, но и пошироко во регионот, која е единствена што го негува и одржува стандардот на тројазичност во наставата и дејствувањето, посочи Шаќири.

Ги советуваше дипломците да не се откажуваат од учењето, независно дали е формално или неформално, затоа што, како што рече, секоја нова информација или вештина која ќе ја стекнат, ќе направи повеќе да вредат.

-Сите заедно во оваа прилика треба им се заблагодариме на професорите и сите вработени на овој Универзитет за несебичното заложување и пренесување на знаењето што сега е Ваше најсилно оружје. Знам дека го дале најдоброто од себе во текот на едукацијата, затоа што нивната цел, впрочем и целта на професорот е секоја нова генерација да биде барем за нијанса подобра од претходната, додаде министерот.вј/

Фото: МОН

 

Остани поврзан