• понеделник, 23 декември 2024

Шаќири: Да се поништи кое било звање со кое не се почитувани одредбите од Законот за високо образование

Шаќири: Да се поништи кое било звање со кое не се почитувани одредбите од Законот за високо образование

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање, денеска ги повика Просветниот инспекторат и комисиите, но и ако има надлежност и Министерството, Секторот за високо образование, веднаш да ги преземат сите мерки за да се поништи кое било звање што не ги почитува одредбите на Законот за високо образование.

Тој беше прашан за коментар на најавената прес-конференција на Форумот за образовни промени  пред МОН и „тврдењата дека не е спречено незаконско унапредување на професор во доцент кој е донатор на ДУИ“.

- За ова јас разговарав со Форумот и со Државниот универзитет. Не го знам името на професорот но имам побарано секое звање, без разлика на кој било и да е, го побарав од Форумот и Универзитетот, ако е постапено незаконски... Со Законот за високо образование МОН не е вклучен во процесот на одобрување повисоко или пониско звање на кој било кадар во универзитетите, за тоа одлучуваат матичните комисии и комисиите на факултетите, изјави министерот за образование и наука, пред учеството на настанот за заокрижување на твининг проект за Националната рамка за квалификации. бд/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан