• вторник, 24 декември 2024

Шаќири - Браун: Соработката со Британскиот совет продолжува

Шаќири - Браун: Соработката со Британскиот совет продолжува
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорот на Британскиот совет Питер Браун денеска остварија средба на која разговараа за плановите и идеите за проекти што ќе се реализираат во наредниот период. Двајцата соговорници, како што соопшти МОН, ја разгледале можноста за вклучување на наставници во глобалните програми за професионален развој и ангажман, што ги реализира Британскиот совет. Серија активности се планирани и во подготовките за најголемиот светски собир на министри од областа на образованието и вештините, поточно Светскиот образовен форум, што ќе се одржи во мај следната година во Лондон. Од МОН информираат дека во рамки на програмата „Училишта на 21 век“ претставници на Министерството ќе учествуваат на студиско патување со цел посета на институции и продлабочено запознавање со теми од интерес. Директорот на Британскиот совет информира дека ќе продолжат со испитите за јазична компетенција во партнерство со Центарот за странски јазици. бак/сп/

Остани поврзан