• петок, 13 јуни 2025

Шај Гилџус-Александер е МВП на НБА

Шај Гилџус-Александер е МВП на НБА

Оклахома Сити, 21 мај 2025 (МИА) - Ѕвездата на Оклахома Сити Тандер, Шај Гилџус-Александер, беше прогласена за најкорисен играч (МВП) во НБА.

Тројцата финалисти оваа сезона беа Никола Јокиќ од Денвер, Шаи Гилџус-Александар од Оклахома Сити и Јанис Антетокумпо од Милвоки, а бекот на Тандер доби најмногу гласови, со што го освои трофејот „Мајкл Џордан“ за прв пат во својата кариера.

Гилџус-Александер имаше просек од 32,7 поени, 5,0 скока и 6,4 асистенции во сезоната и ја водеше Оклахома до скор од 68-14, што беше и најдобриот сооднос на победи и порази во сезоната. дс

Фото: Архива

Остани поврзан