Шампионот Струга домаќин на куп освојувачот Тиквеш во првото коло од новата сезона на ПМФЛ
- Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денес беа извлечени двојките за новата сезона во Првата лига.

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) – Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денес беа извлечени двојките за новата сезона во Првата лига.
Во првото коло ќе се соочат бранителот на трофејот Струга и победникот во Купот, тимот на Тиквеш.
Двојки за 1. коло во Првата македонска фудбалска лига:
Струга – Тиквеш
Беса – Шкендија
Работнички – Силекс
АП Брера – Вардар
Пелистер – Гостивар
Шкупи – Воска Спорт.
Сезоната 2024/25 ќе почне на 11 август. зс/
Фото: МИА