Членовите на Претседателството на БиХ Беќировиќ и Комшиќ изразија сочувство за трагедијата во Кочани
- Членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ порачаа дека „ја споделуваат тагата со пријателите во Северна Македонија“ по пожарот во дискотека во кој загинаа најмалку 51 лице, пренесе Анадолија.

Сараево, 16 март 2025 (МИА) – Членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ порачаа дека „ја споделуваат тагата со пријателите во Северна Македонија“ по пожарот во дискотека во кој загинаа најмалку 51 лице, пренесе Анадолија.
- Во овие тешки моменти, нашите мисли се со вас и со сите оние кои жалат за оваа непоправлива загуба, рече Беќировиќ во телеграма со сочувство до претседателката на Северна Македонија Гордана Силјановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски.
Комшиќ им посака „сила на сите во овие тешки моменти“, а на повредените брзо и успешно закрепнување. јт/
Фото: Анадолија