• понеделник, 23 декември 2024

Четири лица загинаа во Харков, четворица се ранети во Киев во руски воздушни напади

Четири лица загинаа во Харков, четворица се ранети во Киев во руски воздушни напади

Киев, 29 октомври 2024 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа, а четворица се ранети во руските воздушни напади во текот на ноќта врз Харков и Киев, соопштија денеска украинските власти.

Четири лица загинаа во руско бомбардирање по полноќ во Харков, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов на апликацијата за комуникации Телеграм.

Во Киев, остатоци од уништено руско беспилотно летало повредија четири лица и предизвикаа пожар во станбена зграда, изјави градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко. Се запалија и неколку автомобили. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан