• сабота, 27 јули 2024

Четири италијански екипи сакаат да го добијат Јумтити

Четири италијански екипи сакаат да го добијат Јумтити
Мадрид, 14 јули 2020 (МИА) - Барселона сака да го продаде Самјуел Јумтити, а за него се заинтересирани калчолигашите, Наполи, Лацио, Рома и Торино, објави „Sport.es“. Според изворот, каталонскиот клуб сака да го замени Јумтити со дефанзивец од „висока класа“. Во сезоната 2019/20, камерунскиот фудбалер одигра 18 натпревари за Барселона и нема постигнато гол или асистенција. зс/  

Остани поврзан