• среда, 27 ноември 2024

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

Тетово, 3 февруари 2023 (МИА) - Актуелниот македонски првак женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово информира дека во екипата ќе пристигне нова „кариока“ односно фудбалерка од Бразил. Јулијана Леонел Маргуне е новата девојка која ќе им приклучи на трите нејзини сонароднички во тетовскиот шампионски клуб.

-По Мајса Делгадо Бенедито, Присцила Едите Силва, Тчури Харуми Гоја нов член на ЖФК Љуботен е Јулијана Леонел Маргуне која настапува во средниот ред и ќе претставува огромно засилување за тимот. Популарната Јују покрај во бразилскиот шампион има и интернационално искуство настапувајќи во Латвија и амбициозниот камерунски Единг Спорт од каде што пристигнува во таборот на македонскиот шампион. Со својата борбеност и пожртвуваност, новото засилување на Љуботенки позната под прекарот „Оса“ ЖФК Љуботен полека гради и костур со кој покрај шампионската титула, има за цел да не игра само епизодна улога во квалификациите за Лигата на шампионите, порачаа од ЖФК Љуботен.

Јулијана Леонел Маргуне се обврзала на договорот на шест месеци со можност за продолжување на уште една година. ас/ир

Остани поврзан