Четворица загинати и 31 спасен во несреќа со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос (ДПЛ)
- Безживотните тела на четири лица беа извлечени во спасувачка акција југозападно од грчкиот остров Лезбос, откако потонал чамец со мигранти, а спасено е вкупно 31 лице, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 27 октомври 2025 (МИА) – Безживотните тела на четири лица беа извлечени во спасувачка акција југозападно од грчкиот остров Лезбос, откако потонал чамец со мигранти, а спасено е вкупно 31 лице, јави дописничката на МИА од Атина.
Во спасувачката акција на крајбрежната служба на Грција утрово беа спасени седуммина мигранти, додека пак уште 24 лица биле откриени на копно.
Во операцијата под координација на Национален центар за оперативна координација, вклучени се патролен чамец и патролен брод, хеликоптер Super Puma на военото воздухопловство и едно возило на копно и продолжува за евентуално пронаоѓање на исчезнати лица.
Според државната телевизија ЕРТ, несреќата се случила во текот на ноќта, а спасените лица се судански државјани. ср/јт/
Фото: Архива