• сабота, 27 јули 2024

Честитка од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Честитка од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателот на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Пепо Леви и до сите припадници на еврејската заедница во земјава. - Јом Кипур е најсветиот еврејски празник. На овој ден верниците чекорат низ патот на внатрешното преиспитување, покајание, простување и помирување со Бога и со луѓето. Вам лично и на сите припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, среќа и љубов. Молитвите кон Бога и постот како столбови на Јом Кипур нека ви донесат духовен мир и нека инспирираат добри дела. Еврејската заедница, со своите специфики има исклучително важен удел во градењето на македонскиот соживот и негувањето на почитта и разбирањето меѓу различните етнички и религиозни групи. Времето на предизвици во кое живееме не упатува да бидеме уште посплотени. На овој голем празник посакувам и понатаму сплотени да работиме на просперитетот на нашата заедничка татковина и да делуваме за нејзин просперитет и напредок. G'mar chatima tova., се наведува честитката од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур.са/дма/  

Остани поврзан