• петок, 22 ноември 2024

Честитка од Мицкоски по повод католички Велигден: Нашата волја, вера и дух се нашата најголема сила, сплотени можеме да ја искористиме за добри дела

Честитка од Мицкоски по повод католички Велигден: Нашата волја, вера и дух се нашата најголема сила, сплотени можеме да ја искористиме за добри дела

Скопје 31 март 2024 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод Христовото воскресение според Грегоријанскиот календар, упати честитка до сите верници кои го прославуваат најголемиот христијански празник – Велигден.

– Овој празник е симбол на надежта и новиот почеток, ден кога ја славиме победата на животот над смртта и победата на доброто над злото. Ова е празникот на верата во Бога и славата на Бога. Како што нашиот Спасител покажа дека мирот и светлината може да ги победи страданието и темнината, така секој од нас може и мора да се бори за правдата, добродетелството и љубовта. Овие универзални вредности се патот по кој што треба да чекори секој човек за да го направи светот, својата земја и својот живот подобар и богоугоден, се вели во честитката.

Мицкоски додава дека волјата, како и верата се нашата најголема сила и само сплотени можеме да ја искористиме за добри дела.

– Живееме во времиња на искушенија и предизвици, но Бог живее во нашите срца и тој може да ни помогне да ги направиме правите избори на крстосниците пред кои секојдневно сме исправени. Нашата волја, нашата вера и нашиот дух се нашата најголема сила, која сплотени можеме да ја искористиме за добри дела. Нека светлоста на овој ден биде водилката која сите нас ќе не води кон победите за подобро утре за нас, нашите поколенија и нашата татковина Македонија. Благовеста за Христовото воскресение нека ги огрее срцата и домовите на сите верници, стои во честитката на Мицкоски. ра/вг/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан