• сабота, 21 декември 2024

Честитка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ по повод 11 Октомври

Честитка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ по повод 11 Октомври

Скопје, 11 октомври

11 Октомври е симбол, гордост и традиција на македонскиот народ, а ние денес оддавајќи им почит на сите храбри борци и учесници во народноослободителното востание не само што го славиме патот до конечната победа преку народноослободителна борба исполнет со хероизам и страдање, туку и пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и за создавање на самостојна, суверена и независна држава. 

Нека 11 октомври ни биде инспирација за надминување на насилството, поделбите, понижувањето и дискриминацијата меѓу луѓето и ѕвезда водилка дека само сплотени можеме да градиме стабилна и сигурна иднина. 

Нека овој идеал нѐ води до подобра сегашност и уште подобра иднина затоа што само така можеме да им обезбедиме просперитет и да оставиме наследство со кое идните генерации ќе се гордеат. 

Нека ни е честит и вековит празникот!

Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан