• четврток, 26 февруари 2026

Гаши учествуваше на Националниот молитвен појадок во Вашингтон

Гаши учествуваше на Националниот молитвен појадок во Вашингтон

Скопје, 5 февруари 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок во Вашингтон, традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, со фокус на вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.

Како што стои во соопштението на Собранието, учеството на Гаши на настанот е можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на државата како партнер во меѓународната соработка.

- На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, додека учеството на претседателот на Собранието во овој момент беше можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка, стои во соопштението. ра/вј/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Остани поврзан