• четврток, 19 декември 2024

Честитка од Бабовски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите

Честитка од Бабовски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите

Скопје, 22 мај 2024

“Го одбележуваме празникот: Националниот ден на Власите 23-ти мај, под исто знаме со сонцето кое не грее сите подеднакво, а кое ги обединува сите Власи, посакувам во иднина нашиот ден да го прославивме со радост под европското знаме. Македонија е пример на Балканот и во Европа за тоа како треба да се негуваат различностите. Власите се најголем пример за соживот, имаат дадено значаен придонес во историјата, културата и во општествениот живот, како и во изградбата на нашата заедничка татковина. Ова треба да биде најголем аргумент за тоа, зошто Македонија треба да биде дел од европското ѕвездено небо, кое што го посакуваме сите.

Нека ни е за многу години празникот, секогаш да го славиме во мир и разбирање, нека е вечен 23 мај, Националниот ден на Власите!

Ti multsa anj Dzua 23 di mai, Dzua Natsionalâ a Armânjlor!

Демократски сојуз на Власите од Македонија, Претседател - Никола Бабовски

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ДСВМ

Остани поврзан