• среда, 25 декември 2024

Честитка за Нова година од „Единствена горанска партија”

Честитка за Нова година од „Единствена горанска партија”
Тирана, 1 јануари 2021 (МИА) - Честитка по повод Новата 2021 година до македонско-горанската заедница, до сите Македонци каде и да се во светот, до сите граѓани во Косово и пошироко, упати Единствена горанска партија. - Од мое лично име од име на партијата Единствена горанска партија упатувам честитки за Нова 2021 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Како и секогаш, Нова година носи радост во нашите домови, да ги поминеме празничните денови со радост и бериќет, да оставиме се што донесе претходната годна и да зачекориме во нормалата на животот, стои во честитката потпишана од претседателот Адем Хоџа, пренесува електронското издание на весникот „ Илинден“ единствен весник на македонски јазик во Албанија. Се додава дека во време кога сè уште трае пандемијата со Ковид-19, наша должност е да продолжиме да бидеме внимателни и да се придржуваме кон потребните препораки за зачувување на здравјето на нашите најблиски. Лидерот на партијата, Адем Хоџа во двата последни состави на косовскиот парлемент беше и пратеник од оваа партија. Дел од областа Гора се наоѓа во крајниот југозападен дел на Косово и има 19 населени места распослани на јужниот дел на северозападната падина на Шар Планина, додека североисточниот дел на Албанија има 10 села. Областите се населени со Македонци, познати како Горани, со мајчин македонски јазик. вт/ац/

Остани поврзан