• сабота, 05 октомври 2024

Челзи по изведување пенали подобар од Виљареал во Суперкупот на УЕФА

Челзи по изведување пенали подобар од Виљареал во Суперкупот на УЕФА
Белфаст, 11 август 2021 (МИА) - Во фудбалскиот Суперкуп одигран вечерва во Белфаст, Челзи го победи Виљареал по подобро изведување пенали. Резултатот по основните 90 и дополнителни 30 минути беше нерешен 1:1. Првиот гол го постигна фудбалерот од средниот ред на „сините“, Хаким Зијех во 27. минута. Во 73. минута Џерард Морено го израмни резултатот за голема радост на навивачите на шпанскиот претставник. Средбата премина во продолженија, во кое не беа постигнати голови. Во пенал-рулетот Челзи постигна 6 гола наспроти петте на Виљареал. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан