Чави може да стане селектор на Катар
- Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандез, би можел да ја преземе репрезентацијата на Катар, пренесе „Ал Раја“
![Чави може да стане селектор на Катар](https://mia.mk/index.php/images/20241020131750_big_730x400_87.webp )
Барселона, 20 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандез, би можел да ја преземе репрезентацијата на Катар, пренесе „Ал Раја“.
Според изворот, раководството на катарската репрезентација наскоро ќе разговара со 44-годишниот стручњак.
Чави ова лето се повлече од функцијата тренер на Барселона. Тој беше тренер на Каталонците од ноември 2021. Пред тоа Шпанецот работеше во катарски Ал-Сад.
Репрезентацијата на Катар од декември минатата година ја предводи сонародникот на Чави - Тинтин Маркез. дс
Фото: Архива