• среда, 17 декември 2025

ЦУК: До 12:30 часот активни пет пожари на отворен простор

ЦУК: До 12:30 часот активни пет пожари на отворен простор

Скопје, 14 јули 2025 (МИА) – Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на државата денеска до 12:30 часот има вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни и изгаснати се 4 пожари.

Активни се пожарите кај село Николич, Дојран каде гори нискостеблеста шума и кај село Горњани, во општина Чучер Сандево, каде исто така, гори нискостеблеста шума. Потоа пожарите во општина Велес, кај селата Џидимирци и Крушје каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина годи деградирана дабова шума,грмушки и ниска вегетација, и кај село Отља во Општина Липково, гори деградирана ниска вегетација.

Изганстаи се четири пожари и тоа во населба Три Багреми, Прилеп каде горела ниска вегетација, потоа кај село Драгобрашта, во општина Виница и село Војшанци во општина Демир Капија, каде горела деградирана ниска вегетација и запалено стрниште во село Франгово, во општина Струга. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан