• сабота, 23 ноември 2024

ЦУК: Граѓаните затекнати кај Беровско Езеро да не патуваат, за сите потреби да се јават на 112

ЦУК: Граѓаните затекнати кај Беровско Езеро да не патуваат, за сите потреби да се јават на 112

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) -  Центарот за управување со кризи издаде вонредна информација за сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро - да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да се јават на 112 во ЦУК, по што од Општина Берово ќе им достават што им е потребно.

Регионалните центри за управување со кризи во Берово и во Штип, во координативна оперативна комуникација преку Секторот за операции и координација, соопштија дека патот Берово-Струмица е во целосен прекин поради врнежите од снег и паднати дрвја по патот.

- Конкретно, патниот правец Берово-Абланица-Беровско Езеро е во прекин поради паднати дрвја на патот. ДЗС и полицијата имале координативен состанок во Берово и било одлучено сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро, да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови, да контактираат на 112 и да ги кажат нивните потреби. Потоа, Општина Берово ќе интервенира и преку нивни луѓе ќе им достават што им е потребно, се наведува во соопштението на ЦУК. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан