• вторник, 24 декември 2024

ЦУК: Безживотно тело извлечено од реката Тополка пред вливот во Вардар

ЦУК: Безживотно тело извлечено од реката Тополка пред вливот во Вардар

Скопје, 5 јуни 2024 (МИА) - Рекреативен риболовец ноќеска пријавил дека забележал безживотно човечко тело на вливот на реката Тополка во реката Вардар, близу последните куќи од јужната страна на Велес. Телото е извлечено од речната вода денеска, околу 10 часот, од страна на тим од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Безживотното тело било идентификувано од страна на синот. Тој вчера во 8.30 часот во Секторот за внатрешни работи - Велес, го пријавил за исчезнат неговиот 80-годишен татко.

- Од страна на Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш беа известени МВР, ДЗС, ТППЕ - Велес, Општина Велес како и Доброволното друштво „Македонски спасител“ од овој град. Бидејќи влегувањето во брзите и надојдени води на реката Тополка во текот на ноќта не било безбедно, извлекувањето на телото беше извршено денеска околу 10 часот од страна на тим од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, се појаснува во соопштението на ЦУК. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан