• среда, 27 ноември 2024

ЦУК: Активни 13 пожари на отворено, осум се под контрола, а 27 изгаснати

ЦУК: Активни 13 пожари на отворено, осум се под контрола, а 27 изгаснати

Скопје, 17 август 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, осум се под контрола, а 27 се изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи.

Актвни се пожарите во Општина Македонски Брод во Јасен, во викенд населба Белица каде гори борова шума. Пожарот на Галичица, е на исток во правец на селата Лескоец и Стење, во општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа. Зафатена е нискостеблеста вегетација и букова шума.

Нискостеблеста деградирана шума и сува трева е зафатена од пожарот во с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, во Општина Долнени, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод. Во Општина Новаци гори ниска вегетација и деградирана шума на потегор од с.Полог, Брник до Рапеш 

Во Општина Кичево активни се два пожара. Еден кај с.Цер, планина Лубен, кој се проширил кон селата Брезово и Зашле во Општина Демир Хисар, каде е зафатена нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација. Во вториот зафатена е борова и букова шума, се протега од с.Патеец – с.Козичино, и се проширил кон с.Дупјани.

Во општините Пласница и Македонски Брод пожар има меѓу селата Пласница и Латово, и во с.Девич м.в.Вртешка, гори мешана шума. Мешана и нискостеблеста шума е зафатена и со пожарите во с.Гари на планина Стогово во Општина Дебар и во Општина Чашка: с.Мокрени. Два пожари се активни и во Општина Маврово - Ростуше, и тоа во с.Врбен и на врвот Кораб кој е префрлен од Р.Албанија, каде огнените јазици зафатиле нискостеблеста вегетација. Гори нистостеблеста шума и во Општина Долнени кај село Небрегово кој што се префрлил од Општина Чашка од планина Мукус. 

По контрола се пожарите во: Општина Валандово: с.Казандол, м.в. Чештово (нискостеблеста шума, прнар, сува трева);Општина Македонска Каменица: с.Цера  – повторно се разгорел на еден крак; Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума); во Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација); во Општина Делчево: Депонија Делчево  (депонија); два во Општина Чашка, едниот кај с.Папрадиште и с.Ореше  (мешана шума) и на планината Мукос кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума), како и во Општина Василево: м.в.Карбино (ЗИК Слобода) кон с.Владевци (нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки).

Изгаснати се вкупно 27 пожари:

1. Општина Битола 1: с.Острец (сува трева, мешана шума);

2. Општина Битола 2: м.в.Петилеп  (сува трева);

3. Општина Прилеп: помеѓу бензиските пумпи на „Салида„ и „Лук Оил“ на регионалниот пат Прилеп – Скопје  (сува трева);

4. Општина Долнени 1 : с.Дреновци  (ниска вегетација);

5. Општина Долнени 2: с.Браилово  (ниска вегетација и стрниште);

6. Општина Чешиново - Облешево: с.Уларци  (стрниште);

7. Општина Птобиштип 1: с.Ратковица  (мешана шума);

8. Општина Пробиштип 2: с.Лезово  (нискостеблеста вегетација);

9. Општина Пехчево: с.Негрево  (мешана шума);

10. Општина Ресен : с.Болно – с.Илино (букова шума);

11. Општина Кавадарци: с.Ваташа, м.в.Фуштани  (ниска вегетација и сува трева);

12. Општина Куманово 1: локалитет Менкова Колиба  (стрниште и сува трева);

13. Општина Куманово  2: с.Сопот  (сува трева);

14. Општина Куманово 3: нас.Средорек  (ѓубре);

15.Општина Липково: с.Никуштак  (депонија);

16. Општина Старо Нагоричане: с.Младо Нагоричане  (стрниште и сува трева);

17. Општина Желино: с.Чифлик  (сува трева);

18. Општина Гостивар 1: с.Балиндол  ( сува трева);

19. Општина Гостивар 2: с.Неготино  (сува трева);

20.Општина Врапчиште: с.Врабчиште  ( сува трева);

21. Општина Радовиш: с.Подареш  (депонија);

22. Општина Сарај 1: с.Кондово  (ѓубре и сува трева);

23.Општина Сарај 2: с.Глумово  (сува трева);

23. Општина Гевгелија: с.Давидово  (грмушки и сува трева);

24. Општина Кичево: с.Аранѓел  (ниска вегетација и стрниште);

25. Општина Тетово: с. Порој  (сува трева);

26. Општина Струга 1: с.Велешта – с.Долна Белица  (стрништа и сува трева);

27. Општина Струга 2: с.Мороишта – с.Мислешево (стрништа и сува трева). вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан