• четврток, 04 декември 2025

ЦУК: Активни три, под контрла четири пожари

ЦУК: Активни три, под контрла четири пожари

Скопје,  25 септември 2025 (МИА) - До 7 часот утрово на територијата на Македонија има вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи. 

Според ЦУК, активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево и Липково, селата Малино, Танушевци и Лукаре, каде со пожар е зафатена мешана шума.

Активен е и пожарот во општина Прилеп, село Дабница и м.в. Три багреми, каде гори ниска вегетација и ѓубре. сст/са/

Фото МИА архива

 

 

Остани поврзан