• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Црвениот крст на РСМ ќе одбележи 80 години, на настанот ќе се обрати премиерот Мицкоски

Црвениот крст на РСМ ќе одбележи 80 години, на настанот ќе се обрати премиерот Мицкоски

Скопје, 10 јули 2025 (МИА) - Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска ќе одбележи 80 години од основањето, а по повод јубилејот на организацијата ќе се обрати и претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Премиерот ќе има средба со генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, и со волонтерите, од кои ќе биде запознат со дел од активностите на организацијата.

Во фокусот на разговорот ќе биде улогата на Црвениот крст во унапредувањето на хуманоста и солидарноста, тековните активности на организацијата, а посебен акцент, како што најави Црвен крст на РСМ,  ќе биде ставен на неодамнешниот хуманитарен одговор по пожарот во Кочани. 

-Во знак на благодарност за поддршката и афирмацијата на хуманите вредности, генералниот секретар  Саит Саити ќе му врачи на премиерот Мицкоски признание — Медал на Црвениот крст на Република Северна Македонија, како симбол на благодарност за неговата заложба за поддршка на хуманитарната мисија на организацијата, информира Црвен крст на РСМ. хс/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан