• петок, 18 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Црвениот крст денеска од собраните 128.011.651,00 денари за настраданите од пожарот во Кочани, изврши трансфер на 62 семејства на починатите

Црвениот крст денеска од собраните 128.011.651,00 денари за настраданите  од пожарот во Кочани, изврши трансфер на 62 семејства на починатите

Скопје, 17 април 2025 (МИА) - Во апелот на Црвениот крст на РСМ, заклучно со денеска се собрани 128.011.651,00 денари за настраданите од пожарот во Кочани.

Денеска, како што соопштија од Црвенот крст на РСМ, е извршен трансфер на средства на 62 семејства на починатите лица. Досега на настраданите семејства вкупно се исплатени 86.100.000,00 денари.

Црвениот крст заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на населението. цр/са/

Фото: Црвен крстна РСМ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан