Хумелс потпиша со Рома на една сезона
- Матс Хумелс е играч на Рома, објави во средата италијанскиот клуб.
Рим, 4 септември 2024 (МИА) - Матс Хумелс е играч на Рома, објави во средата италијанскиот клуб.
„Волците“ го објавија потписот на 35-годишниот германски дефанзивец, кој пристигна како слободен играч. Договорот на Римјани со него е на една сезона.
Италијанскиот новинар Николо Шира пишува дека платата на ветеранот ќе биде 2,5 милиони евра, со планирани бонуси.
Последен клуб на Хумелс беше Борусија Дортмунд. Тој ги напушти „жолто-црните“ на крајот од минатата сезона.
Преодниот рок за италијанските клубови заврши минатиот петок, но Хумелс доаѓа во Рома како слободен играч.
Дефанзивецот за прв пат ќе игра надвор од својата земја, откако досега во кариерата играше за Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
Матс Хумелс ќе го носи тимот со број 15 во Рома во сезоната 2024-2025. Римјаните по 3 одиграни кола имаат само 2 бода. дс
Фото: Фејсбук/АС Рома