• четврток, 26 декември 2024

Христо Петрески: ДПМ работи по легитимен статут

Христо Петрески: ДПМ работи по легитимен статут

Скопје, 24 јануари 2024

 

Деновиве, од медиумите дознав дека во Централниот регистар имало депонирано Статут на ДПМ поразличен од оној кој е ставен и на сајтот на ДПМ (www.dpm-pisateli.mk), а  по кој ДПМ  работи од 2009 година и е актуелен Статут.

Јавно изјавувам дека немам никаква врска со тој друг Статут, кој никогаш не ми бил доставен, ниту  сум го видел. Веројатно, станува збор за некоја работна, недовршена и нелегитимна  верзија.

Статутот по кој работи ДПМ  е од 2009 година, тој е ставен и на сајтот на ДПМ. Сите членови од раководството на ДПМ се легитимно избрани на 28 мај 2022 година, за што постои уредна документација доставена и верификувана од стана на Централниот регистар.

Христо Петрески, претседател на ДПМ
 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан