• вторник, 17 декември 2024

Хрисохоидис: Оградата кај Еврос ќе ја изградиме, бранејќи ги нашите интереси

Хрисохоидис: Оградата кај Еврос ќе ја изградиме, бранејќи ги нашите интереси
Атина, 27 мај 2020 (МИА) - Со план и стратегија ја чуваме нашата граница. Оградата ќе ја изградиме, бранејќи ги интересите на нашата земја. Сакам да ве уверам дека чуварите се тука, силите на Фронтекс се тука и границата е безбедна и ќе остане безбедна, затоа што Владата е присутна, има план, има стратегија и е будна на дневна основа, порача од Еврос, министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис, јави дописничката на МИА од Атина. По посетата на конкретната област, рече дека „не се случува нешто вонредно или нешто што треба да загрижува“, но додаде дека најважна е безбедноста и објасни дека распоредувањето на 400 полицајци на граничната линија, всушност е нивно враќање на Еврос, кое беше прекинато поради пандемијата. За последните случувања кај Еврос, надлежниот за надворешна политика во грчката опозициска партија СИРИЗА, Јоргос Катругалос од Министерството за надворешни работи на Грција побара да ги достави до Парламентот двете вербални ноти испратени до Турција. ср/

Остани поврзан