• четврток, 07 ноември 2024

Хоугланд: Русија не сака решение за Нагорно Карабах 

Хоугланд: Русија не сака решение за Нагорно Карабах 
Вашингтон, 1 октомври 2020 (МИА) - Русија игра мошне сложена игра и секако не сака регионална војна меѓу Ерменија и Азербејџан окoлу областа Нагорно-Карабах, па затоа повикува прекин на огнот, оцени американскиот заменик државен секретар задолжен за Јужна и Централна Азија, Ричард Хоугланд. Тој додаде дека Русија не сака да биде решено прашањето за Нагорно-Карабах. - Независно од тоа каков ќе биде резултатот, тоа ќе им даде одврзани раце на такви земји како Русија и Ерменија, вклучени целосно во ова, да исполнат други свои интереси, изјави Хоугланд за Гласот на Америка. Тој смета дека тоа е нешто штo Русија не би сакала да го види во својата сфера на влијание, туку таа ќе претпочита нерешен, замрзнат конфликт. Ереван ја обвини Анкара дека префрла воени сили и техника на територијата на Азербејџан и го разгорува конфликтот. Дијалогот меѓу завојуваните страни, Баку и Ереван, неделава беше во форматот на Минската група на ОБСЕ. Гарантори на преговорите се САД, Русија, и Франција. Во текот на дијалогот се повика на итен прекин на огнот, но завојуваните страни продолжуваат со ракетни и воздушни удари. Има повеќе загинати војници и кај двете страни. кб/ми/

Остани поврзан