• вторник, 24 декември 2024

Хорот Менада од Тетово одржа концерт во катедралата „Сурп Асдваѕаѕин“ во Истанбул

Хорот Менада од Тетово одржа концерт во катедралата „Сурп Асдваѕаѕин“ во Истанбул

Скопје, 12 октомври 2024 (МИА) - Во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу во Истанбул, концерт одржа реномираниот хор „Менада“ од Тетово, по повод државниот празник „11 октомври – Денот на македонското востание“. Концертот е дел од годишната програма на Македонскиот културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија.

Како што соопштија од КИЦ - Истанбул, хорот, под диригентство на маестро Ивица Зориќ, приредил исклучителен настап изведувајќи дел од својот огромен и разноводен репертоар на духовна музика придружена со популарни македонски народни песни. 

На настанот присуствувал и македонскиот амбасадор во Република Турција, Јован Манасијевски и генералните конзули на Македонија и Албанија во Истанбул, Идрис Фазлиоски и Арманд Шандро.

Настанот го отворил директорот на Македонскиот културен центар во Истанбул, Диме Ратајкоски, кој ја истакна потребата од зголемена институционална соработка меѓу двете држави, акцентирајќи ја неопходноста за продолжување и поттикнување на културната размена, прикажувајќи повеќе настани кои во иднина ќе го воспеваат спојот на македонската и турската култура.

Хорот „Менада“ на својот репертоар има поставено повеќе од петстотини ренесансни, класични, современи композиции, македонски музички фолклор, духовни и евергрин композиции. Учествувајќи на домашни и меѓународни фестивали, конкурси и концертни турнеи се има стекнато со голем број престижни награди, признанија и пофалби. Хорот со гордост го носи епитетот „Светски македонски хорски музички амбасадори“. Менада има настапувано на сите значајни фестивали во Македонија со Македонската филхармонија и други камерни ансамбли, а има исполнето композиции на повеќе од 15 светски јазици настапувајќи во 20-тина држави. бт/аа/

Фото: КИЦ - Истанбул 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан