• среда, 27 ноември 2024

Холандскиот Парламент гласа за недоверба на Владата на Руте

Холандскиот Парламент гласа за недоверба на Владата на Руте

Хаг, 5 април 2023 (МИА) - Холандскиот Парламент денеска гласа за недоверба на Владата на премиерот Марк Руте.

За време на денешната парламентарна расправа опозицијата ја критикуваше Владата на Руте за плановите за намалување на емисиите на азот, како и за високата инфлација и имиграцијата.

„Поднесете оставка, ставете ги на прво место интересите на својата земја, рече лидерот на Партијата за слобода (ПВВ), Герт Вилдерс. Четирипартиската влада на Руте, која има тенко мнозинство во парламентот, се очекува да го преживее гласањето за недоверба.

Владата претходно вети дека ќе ги намали емисиите на азот во земјата за 50 отсто до 2030 година, но се соочува со незадоволство и протести од сопствените земјоделци. Холандските земјоделци тврдат дека плановите на владата ја загрозуваат нивната егзистенција.

На холандските регионални избори, одржани на 15 март, победи новата протестна партија, Движењето на земјоделци - граѓани (БББ) и ја разбранува локалната политичка сцена. БББ се противи на владината политика за намалување на емисиите на азот.

Популарноста на владата на Марко Рута падна на 20 отсто во анкетите на јавното мислење, што е најниско во последните десет години. Марк Руте е премиер на Холандија од 2010 година. ссм/

Остани поврзан