Хејворд го напушти кампусот на НБА во Орландо
- Кошаркарот на Бостон, Гордон Хејворд, го напушти кампусот во НБА Орландо, поради повреда, објави инсајдерот на „The Athetic“ Шемс Чаранија.
Орландо, 23 август 2020 (МИА) – Кошаркарот на Бостон, Гордон Хејворд, го напушти кампусот во НБА Орландо, поради повреда, објави инсајдерот на „The Athetic“ Шемс Чаранија.
Хејворд претрпе повреда на скочниот зглоб во првиот натпревар од првото коло од плеј-офот против Филаделфија. Кошаркарот ќе мора да биде надвор од теренот околу четири недели.
Триесетгодишниот играч планира да се врати во кампусот на крајот на периодот на закрепнување.
Бостон води со 3:0 против Филаделфија, а четвртиот натпревар во серијата прв до четири победи е закажан за вечерва од 19 часот. зс/