• вторник, 23 јули 2024

Хет-трикот на Мората недоволен Атлетико да избегне пораз од Жирона

Хет-трикот на Мората недоволен Атлетико да избегне пораз од Жирона

Жирона, 4 јануари 2024 (МИА) – Во дербито на 19. коло во шпанската Ла Лига Жирона синоќа на домашен терен го совлада Атлетико Мадрид со 4:3.

Домаќините до трите бода стигнаа со гол во судиското надополнување. За Атлетико трите гола ги постигна Алваро Мората, но неговиот хет-трик се покажа недоволен да се избегне поразот.

Жирона продолжува да биде хит во Шпанското фудбалско првенство. Со 48 бода, тимот е на делба на првото место со Реал Мадрид кој има исто толку бодови.

Атлетико Мадрид се наоѓа на третата позиција на табелата со дури 10 бодови заостанување зад водечката двојка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан