Херцог ќе се сретне со папата Лав Шеснаесетти во Ватикан
- Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ќе отпатува во Ватикан каде ќе се сретне со папата Лав Шеснаесетти, соопшти претседателскиот кабинет.
Рим, 2 септември 2025 (МИА) – Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ќе отпатува во Ватикан каде ќе се сретне со папата Лав Шеснаесетти, соопшти претседателскиот кабинет.
Еднодневната посета, иницирана од Светата столица, ќе биде фокусирана на напорите за враќање на заложниците од Газа, борбата против антисемитизмот низ светот и заштитата на христијанските заедници на Блискиот Исток, според соопштението од канцеларијата на Херцог.
Тој ќе се сретне и со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, и ќе ја посети Ватиканската библиотека.
Херцог присуствуваше на инаугурацијата на папата во мај. јт/
Фото: ЕПА