• среда, 27 ноември 2024

Хафтар објави општа мобилизација против странски трупи

Хафтар објави општа мобилизација против странски трупи
Каиро, 4 јануари 2020 (МИА) - Командантот на Либиската национална армија Калифа Хафтар објави општа мобилизација за борба против надворешната агресија, откако Турција најави дека може да распореди трупи во Либија на барање на Триполи, јави телевизијата Ал Арабија. - Битката за Триполи е при крај. Никој не треба да се сомнева дека главниот град ќе биде ослободен. Ние го прифаќаме предизвикот и ја најавуваме борбата и општата мобилизација против сите странски трупи кои ќе бидат испратени во нашата земја, рече Хафтар. Турскиот Парламент претходно донесе закон кој дозволува владата да распореди војници во Либија, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган повеќепати повтори дека Турција е подготвена да распореди трупи во Либија на барање на Триполи. Анкара и Триполи потпишаа меморандум за соработка на полето на одбраната на 28 ноември. Либија во моментот има две извршни власти - меѓународно признатата влада за национално единство на премиерот Фајез ал-Сарај во Триполи и привремената влада на Абдула ал-Тани на истокот на земјата, заедно со избраниот парламент, поддржан од либиската Национална армија на Хафтар. паг/

Остани поврзан