• среда, 20 ноември 2024

Ханил Буфи државен правобранител за Дебар и Центар Жупа

Ханил Буфи државен правобранител за Дебар и Центар Жупа

Дебар, 27 јануари 2024 (МИА) - По две и пол децении повторно е назначен државен правобранител во Дебар, кој во рамки на своите надлежности ќе ја покрива и општина Центар Жупа.

По предлог на Комисијата за именувања, Владата на Република Северна Македонија, за државен правобранител е именуван Халил Буфи, досегашен виш соработник на претседателот на Основниот суд во Дебар, со 17- годишно работно искуство во оваа судска институција.

- Ова за мене е голема чест, но, секако и одговорност. Оваа институција во Дебар функционирала до 1998 година, по што надлежностите ги презема државниот правобранител од Струга. Враќањето на надлежностите во Дебар секако се добредојдени и за моите сограѓани, кои полесно и без многу мака ќе ги извршуваат своите потреби. Максимално ќе се залагам довербата да ја оправдам, рече Буфи за МИА.

Буфи (42) потекнува од позната дебарска фамилија на претставници на судската фела. Неговиот татко Ештреф Буфи, кој е познат судија во пензија, долги години беше претседател на Основниот суд во Дебар, како и прв човек на Апелацискиот суд во Гостивар. По неговите стапки оди и неговиот син Верон Буфи, кој е адвокат. вт/ев/

Фото: Приватна архива на Ханил Буфи 

 

Остани поврзан