• четврток, 15 мај 2025

Хамилтон по критиките: Нема да се предадам

Хамилтон по критиките: Нема да се предадам

Маранело, 28 април 2025 (МИА) - Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, категорично им порача на своите фанови дека нема да се предаде, и покрај тешкотиите што ги доживува од почетокот на сезоната 2025 година.

Британецот се приклучи на тимот на Ферари на почетокот на годината со надеж дека повторно ќе ја открие формата што му донесе толку многу успеси во изминатата деценија. Сепак, во првите пет трки од годината, тоа не се случи, освен во спринтот во Кина, кој беше освоен од славниот пилот.

Среде овие тешкотии, се појавија дури и шпекулации, конкретно од Ралф Шумахер, кој изјави дека Хамилтон размислува да се раздели од Ферари на крајот од годината, и покрај тоа што има повеќегодишен договор со Скудерија.

Во позадина на оваа изјава на поранешниот возач на Џордан, Вилијамс и Тојота, Хамилтон им стави до знаење на своите фанови дека нема да се откаже.

-Ве молам држете ги палците вкрстени. Нема да се предадам. Ќе продолжиме да се подобруваме. Ќе продолжиме да растеме, рече Хамилтон. дс

Фото: Архива

Остани поврзан